Thursday, March 22, 2012

Интеграција


Интеграција  - Поврзување на определени делови во целина поради заеднички интереси и за поуспешно дејствување. Слично со: обединување (ср.), соединување (ср.), интегрирање (ср.)


Еден од најупотребуваните зборови во политчката комуникација на балканот. Откако паметам политички изјави, зборот интеграција, заедно со сите негови деривати: обединување, заедништво, соединување, длабоко се експлоатира во политиката.
Милошевиќ преку САНУ најверојатно прв ја препозна политичката моќ на „интеграцијата“, па оттаму произлезе онаа позната теза „сви срби у једној држави“, или „Србија је тамо где су срби“.
Бранот национализам помалку или повеќе ги зафати сите балкански етникуми, а со тоа се појавија и интегративните идеи, како сонови за голема Албанија, обединета Македонија и слично. Последниве две се оние кои директно ја засегаат политичката состојба во Република Македонија, а кои со неколку изјави, прво онаа директната на Тачи, потоа и некој дериват на Ермира Мехмети од јануари, повторно станаа вирални теми.
Она што мене ми привлекува внимание е, зошто и покрај тоа што на сите им е јасно дека националистичките политики на балканот им донесоа најголема штета на оние кои ги применуваа, интеграцијата како поим и форма, како хипо коцка ја пали политичката сцена и има силна моќ на политичко поместување.
Ај да тргнеме оддолу нагоре. Постои еден чист, јасен факт поврзан со обединувањето или интеграцијата. Кај секој етникум, помал или поголем, постои јасна и недвосмислена желба да живее во една сопствена држава. Тоа апсолутно не е новина, ниту пак е ексклузивитет на политичката артикулација на балканот.
Најголемиот број французи живеат во Франција, италијани во Италија, норвежани во Норвешка. Најголемиот број германци на пример живееа поделени со ѕид!, во две држави 50 години, за на крајот повторно да се обединат во една обединета Германија. Интеграцијата, обединувањето како политички притисок постои секаде, политички се артикулира секаде, па зошто балканот би бил поинаков.
Сепак, анализирајќи ги западно-европските земји и нивните политички односи, се појавува еден факт, кој на балканот очигледно тешко се разбира. Имено повеќето французи точно е живеат во Франција, но не мал дел живеат и во Белгија, Швајцарија, дури и во за нив озлогласената Алеманија (Германија). Истото важи и за сите останати западноевропски етникуми. Фламанците иако во најголем дел живеат во Холандија, голем дел живеат во Белгија, Франција итн. Германците најверојатно се најраселени низ цела Европа итн.
Последната експанзионистичка, националистичка и чисто нацистичка наезда во Европа,  втората светска војна исто така започна под плаштот на обединување (нели интеграција) на сите германци во една држава, со аншлусот на Австрија и наивното анексирање на полските територии населени со германци. Потоа таа војна прерасна во освојување на територии кои би требало да се исчистат за германците, но тоа е друга тема.
1946 година Черчил во сеуште пеплосаната Европа одржува еден #епик говор каде најекспонираниот термин е погодувате интеграцијата!?!?. Интеграцијата како услов за никогаш да не се повтори ужасот на втората светска војна, интеграција за пораз на национализмот и нацизмот како политичка форма.


Разумните луѓе сфатиле дека потребата за интеграција постоела, постои и ќе постои... Истата не може да се игнорира, запостави и против неа не можат и не треба да се борат, туку да ја прегрнат и политички артикулираат.
Од пепелта на разурнувачката војна произлегува свеста за постепена интеграција на европските држави и тоа прецизно по примерот на американските. USE или United States of Europe. Тој процес трае и ден денес и е најуспешната европска политика (сега за сега).
Умните луѓе тогаш се договориле, наместо промена на граници, кои неминовно водат кон нови војни, да изградат систем на почитување на основните човекови права, права на малцински заедници, а паралелно да тече и процесот на интеграција на европските држави во обединета Европа. Помалку или повеќе оваа политика е доминантна во западно-европските земји, а се наметнува и на новите демократски општества по падот на комунистичкиот блок.
Да се навратиме за момент повторно на балканот. Бурето барут кое отсекогаш било препознатливо по својата страст, експлозивност и емотивност. Балканската мешавина на етникуми е најверојатно погуста од било кој друг европски регион, па затоа и наликува на Европа во мало.
Помалку или повеќе не постои балкански етникум, кој во голем процент живее во сопствена држава (можеби словенците се блиску). Македонци има во Грција, Бугарија, Албанија, горани на Косово. Албанци во значителен број живеат во Македонија, Србија, Црна Гора и Грција. Србите (како примерот на германците) се наверојатно најзастапени во останатите држави на Балканот.
Сите овие народи, во сопствените држави мнозинство, но во соседните како малцинство имаат јасна и недвосмислена потреба да живеат заедно, интегрирани со своите сонародници. Тоа е факт, јасен и тој не може да не постои. Тој не може да се победи или исчезне. Најверојатно 9/10 срби, или хрвати од Босна, би ви кажале дека би сакале да живеат итегрирано со останатиот дел од нивниот етникум. Албнците од прешевската долина или Чемерија сигурно би ви го дале истиот одговор, како и гораните, македонците од егејска, пиринска Македонија и слично. Обратно и мнозинските етникуми во сопствените држави, најверојатно не би им пречело да си ги до-интегрираат и малцинствата кај соседите (нормално ако може сосе териториите, не како бегалци).
Политичкиот притисок за интегрирање постои и ќе постои. Прашање на коњуктура е кога тој политички ќе се експлоатира и опортунистички ќе се користи за поместување на политичката сцена во нечија корист. Факт е дека овој притисок некогаш помал, некогаш поголем постои и ќе постои. Лично не верувам дека во оваа констелација на сили може да доведе до нови војни, но како политички притисок, како политичка желба, потребата од интеграцијата секогаш ќе биде тука.
Ако решиме овој факт да не го игнорираме, туку да го прегрнеме, политички артикулираме како разумни луѓе, би требало да го пратиме искуството на онаа поголемата Европа. Разумно би било интеграцијата да ја сфатиме како нужност која немора да биде зло.
Повеќе од јасен е мојот став дека ЕУ итеграциите се позитивна политичка опција за Република Македонија. Јас сметам дека ЕУ интеграцијата на Македонија ќе и донесе благодет, напредок, просперитет и слично.
Но јас како непоправлив ЕУ итегративец, одам и еден чекор понатаму. Сметам дека стопирањето, одложувањето, инхибирањето на ЕУ интегративните политики на Македонија се штетни. Нанесуваат директна и тешко поправлива штета. Сметам дека процесот на ЕУ интеграција на балканот не само што е потребен, туку е и нужен. Нужен за да го супституира националистичкиот политички капацитет. Да ја загуши шовинистичката реторика. ЕУ интеграцијата е победа над онаа другата националистичка, воена интеграција.

П.с. Полека само со коментари и критики, прв блог ми е J


12 comments:

  1. јасно ни е на сите овде собрани дека јас не читам озбилности, ама со мерак оставам кометари. па што бе па што.... :) :) :) :)

    добредојде во светот на блогерите. немој да одиш по блогерски забави, така повеќе ќе се иритираат. ЧРАСТ МИ :) :) :) :)

    ReplyDelete
  2. времето не ти е подесено, покажува на други младенци, австралиски, не на македонски :) :) :) :)

    ReplyDelete
  3. Кај да го наместам тоа? Таму каде што имам во settings ми покажува точно!?!?

    ReplyDelete
  4. Вака: Settings > Formatting > Time Zone (GMT+1). Исто пожелно е по европски стандард да го наместиш Timestamp Format да биде со 24 часа, наместо со AM и PM. :)

    ReplyDelete
    Replies
    1. Се пробав (види подолу) и неќе!

      Delete
  5. ете!
    да беа вака организирани пред 100 години и титаник немаше да влезе во историјата :) :) :) :)

    ReplyDelete
  6. на GMT+1 ми е (belgrade CET), на тоа мислев кога реков во settings ми покажува точно! :)

    ReplyDelete
  7. Еве го превртив на Brussels (исто GMT+1 CET)...

    ReplyDelete
  8. Ај да пробам вака со full page наместо embaded

    ReplyDelete
  9. И твит дис копчето стај го горе пошто доле имаш шер батон од самиот блогер. Како сакаш уствари... Ај честито кодерство :)

    ReplyDelete